среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Технологија

Една рата за него е колку цел нов автомобил – што може да купите наместо Koenigsegg Trevita?

Една рата за него е колку цел нов автомобил – што може да купите наместо Koenigsegg Trevita?

За сумата што треба да се одвои само за учество, може да купите некои од најпрестижните суперспортски автомобили на денешницата.

Шведскиот производител Koenigsegg е познат по ексклузивните, скапи суперспортски модели чии цени лесно достигнуваат седумцифрени суми во долари.

Koenigsegg CCXR Trevita од 2010 година, со над 1.000 коњски сили не е исклучок, бидејќи е направен во само три примероци. Еден од нив се продава во САД и чини дури 1,4 милиони долари.

Интересно е што CCXR Trevita им се нуди на потенцијалните клиенти на лизинг со период на отплата од 5 години. Прво се плаќа учество од 650.000 американски долари, додека месечната рата е 24.000 долари.

Факт е дека ваквите ретки и скапи автомобили ги купуваат исклучиво најбогатите колекционери и честопати само за да им се восхитуваат и со нив да се фалат пред гостите.

Од друга страна, „обичните“ љубители на автомобили не можат да не се прашаат што би можеле да купат за тие пари?

За сумата што треба да се одвои само за учество, можно е да се купат некои од најпрестижните суперспортски автомобили на денешницата.

За 650.000 американски долари, во гаражата можете да го паркирате најмоќниот продукциски Ferrari во историјата, моделот SF90 Stradale со 1.000 КС, и ќе ви остане доволно „кусур“ за Porsche 911.

Оние кои претпочитаат Lamborghini, за истите пари можат да го купат престижниот Aventador SVJ Roadster со моќен V12 атмосферски мотор од 770 коњски сили, а покрај него да се почестите и со Aston Martin Vantage.

За сумата што треба да се плати за учество за Koenigsegg CCXR Trevita, вистинските вљубеници во McLaren можат да набават вистинска мала колекција на автомобили од овој производител, која би се состоела од моделите 720S Spider со 720 КС, потоа 600LT со 600 „коњи“ и McLaren GT со 620 коњски сили.

Откако ќе купи некои од гореспоменатите суперспортски автомобили, хипотетичкиот купувач може да се почестува со еден прилично пристоен автомобил секој месец, наместо ратата од 24.000 американски долари за Koenigsegg.

За тие пари, може да се купи просечна семејна лимузина од средна класа, или поскромно опремен компактен SUV, доколку претпочитате ваков тип на возило.

Kлиентите на кои им е потребен компактен хечбек, за истите пари – секој месец – можат да купуваат добро опремен автомобил од тој сегмент, а толку чини најевтиниот премиум автомобил, тип Mini.

Сѐ на сѐ, изборот е навистина голем…

Коронавирус