петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Технологија

Доаѓа третата генерација на „Снeпчeт Спекталс“ очилата

Доаѓа третата генерација на „Снeпчeт Спекталс“ очилата

Третата генерација на очилата „Снeпчeт Спекталс“ содржи многу нови својства и можности за бројни забавни, интересни и креативни моменти.

„Спектаклс 3“ очилата овозможуваат да снимате видеа и фотографирате, да примените 3Д ефекти на нив и таа содржина да ја објавите на Снепчет или на другите социјални мрежи.

Очилата се изработени од не’рѓосувачки челик, и имаат две ХД камери кои снимаат и видеа и фотографии. Секако, тука е опцијата и за поврзување со телефонот.

За разлика од претходните две верзии, „Спектаклс 3“ има поусовршени и пореалитични 3Д ефекти, подобрени благодарение на подобрениот сензор за длабочина. Благодарение на оваа технологија, ќе се чувствувате како да одите по долг „шарен ходник“, на пр., и дека балони во облик на срце лебдат околу вас додека се шетате во парк и многу други виртуелен ефекти. Со новите „Спектаклс“ ќе може од повеќе такви 3-Д фотографии или куси ГИФ-видеа.

Цената на овој нов технолошко-моден додаток е 380 долари.