сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 47
home Технологија

Цвета бизнисот на Little Car Company, производител на Bugatti Baby

Цвета бизнисот на Little Car Company, производител на Bugatti Baby

Производителот на малечки автомобили не е мал производител на автомобили. The Little Car Company стана дел од комплексот Bicester Heritage, кој на едно место ја соединува сета историја на британското автомобилско производство и воедно вдомува околу 40 важни омпании во сферата. Името на компанијата укажува непогрешливо на нејзината производствена програма. LCC ги „произведува“ Bugatti Baby II и Aston Martin DB5 Junior.

Во новите простории во историскиот кампус, The Little Car Company ќе ги дизајнира, развива и монтира сите актуелни и идни возила, вклучувајќи го најновиот модел Aston Martin DB5 Junior. Станува збор за верзија на легендарниот британски автомобил, смалена за три четвртини и со електричен погон. Цената е колку премиум лимузина од средна класа. За развојот на овој модел, LCC посвети дури 15 месеци.

Заинтересираните купувачи отсега ќе можат да направат и пробно возење на овие малечки, но скапоцени „минијатури“, во историскиот компекс Bicester. Посебните автомобили привлекуваа внимание на традиционалните автомобилски собири, на кои Британците им посветуваат големо значење. Објектот во којшто е сместен LCC е некогашен хангар за бомбардерите на „РАФ“ за време на втората светска војна. Пренамената на објектот заврши годинава, како прв градежен зафат по повеќе од 80 години. Комплексот Bicester Heritage опфаќа 19 објекти, од кои осум се новоизградени. Посебноста на комплексот е во тоа што обединува мноштво компании што се специјализирани за олдтајмери, како и бројни медиумски куќи и агенции од браншата.

Коронавирус