среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Технологија

Цукерберг со наредба до вработените, од сега може да користат само вакви телефони

Цукерберг со наредба до вработените, од сега може да користат само вакви телефони

Извршниот директо на Фејсбук, Марк Цукерберг на својот тим му нареди да користи Андроид, пишува Њујорк Тајмс.

Оваа одлука била донесена откако извршниот директор на Епл, го критикуваше Фејсбук, нарекувајќи го сервис кој го нарушува приватниот живот.

-Веќе долго време ги охрабруваме нашите вработени да користат Андроид бидејќи тоа е најпопуларниот оперативен систем на светот, изјавиле од Фејсбук за Њујорк Тајмс.

Тоа што се уште не е целосно јасно е дали Марк оваа наредба ја издал поради изјавата на извршниот директор на Епл, меѓутоа Андроид во секој случај е најдоминантен систем во Америка, Европа, Русија и Азија.

Експертите велат дека ова е добра одлука и дека други компании како Снепчет исто така ги охрабруваат своите вработени да го користат овој оперативен систем.

Андроид и iOS имаат неколку важни разлики кои влијаат на развојот на системот и апликациите.

Меѓутоа, новинарите на Њујорк Тајмс ги провериле Твитер профилите на неколку вработени во Фејсбук и откриле дека тие се уште користат Ајфони, што како што пишува весникот, наведува дека наредбата на Марк не е спроведена во целост.