среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 141
home Технологија

Четири милиони евра казна за „Фејсбук“ во Унгарија

Четири милиони евра казна за „Фејсбук“ во Унгарија

Унгарската агенција за заштита на конкуренција нареди Фејсбук да плати казна од 1,2 милијарди форинти, или нешто помалку од четири милиони долари, поради доведување во заблуда на корисници.

Тоа е најголема ваква казна во историјата на државата.

Суштината на тој случај е тврдењето на унгарската агенција дека Фејсбук ги рекламирал своите услуги како бесплатни, но дека компанијата заработувала пари од активности и податоци на корисниците, што може да се толкува како форма на плаќање, јавуваат унгарските медиуми.

Казната за „Фејсбук“ следува по неколку недели спекулации дека Унгарија ќе ја казни таа социјална мрежа. Унгарската агенција наведува и дека пораката на ФБ пред која се рекламирале бесплатни услуги, била поставена во почетокот на 2010 година, и дека е избришана во крајот на октомври оваа година.