среда, 19. септември 2018. Вести денес: 131
home Технологија

Батериите за мобилните ќе се полнат за неколку минути

Батериите за мобилните ќе се полнат за неколку минути

Тајната на батериите кои се полнат за неколку минути повеќе не е тајна за научници од Универзитетот „Кембриџ“. Истражувачите открија нова категорија материјали коja овозможува батериите да се наполнат 100 отссто за само неколку минути.

Материјалите се познати како оксиди на ниобиум и волфрам, кои создаваат помал отпор во батериите и овозможуваат позитивно наелектризираните честички да патуваат стотици пати побрзо отколку кај типичните материјали за керамички електроди, пишува „Дејли Мејл“.

Освен тоа, научниците велат дека батериите од тие оксиди се поевтини за изработка и нема потреба да се додаваат други хемикалии или разредувачи како при производството на типични батерии. Иако новите материјали за батерии нема во блиска иднина да ги видиме кај најновите паметни телефони, истражувачите велат дека оваа нова техника ќе ја постави основата за нова генерација батерии кои нема да треба да се полнат цела ноќ.

Со цел една батерија да се наполни, позитивно наелектризираните честички или јоните мора да појдат до негативниот крај од батеријата. Материјалот од кој се направени батериите е од најголемо значење за брзината на полнење. Оксидите на ниобиум и волфрам прв пат се откриени во 1965 година, а нудат многу помал отпор и може навистина да го скратат времето потребно за позитивните честички да дојдат до негативниот крај.