среда, 30. септември 2020. Вести денес: 27
home Технологија

Австрија сака да воведе беспилотно летечко такси

Австрија сака да воведе беспилотно летечко такси

По пробните ограничувања на брзината на автопатиштата од 140 километри на час, австрискиот министер за инфраструктура и сообраќај, Норберт Хофер има намера идната година да воведе беспилотни такси летала, т.е. дронови за превоз на патници.

– Пробните летови можат да се случат веќе напролет… Ќе треба да се одреди и местото за тој тест. Веќе разговарам со колега од Владата кој се занимава со тоа, изјави Хофер.

Притоа, тој призна дека веќе седнал во такво бeспилотно летало.

– Чудно е да седиш внатре и да не правиш ништо, додаде тој.

Коронавирус