среда, 12. август 2020. Вести денес: 106
home Технологија

Апликација за читање хиероглифи

Апликација за читање хиероглифи

Гугл ја претстави својата нова програма наречена Фабрициус, која се користи како преведувач за египетски хиероглифи, односно дешифрирање на ова древноегипетско писмо.

Оваа функција е веќе дел од постоечката апликација „Уметност и култура“. Сепак, во теорија, би требало програмата уште повеќе да се усоврши.

– Иако е импресивно, таа сѐ уште не е на ниво да биде замена за високообучен стручњак за читање древни натписи… Сепак, ова е чекор кон тој пат, истакна д-р Роланд Енмарк – професор по египтологија на Универзитетот на Ливерпул.

Откривањето на софтверот се поклопува со годишнината од откривањето на Каменот од Розета во јули 1799 година. Тоа е еден од најзначајните наоди во египтологијата.

Фабрициус во овој миг е достапен на англиски и арапски јазик. Софтверот овозможува корисникот да вчита фотографии од хиероглифи што се наоѓаат на артефактите и, дигитално да го подобри своето знаење и проучувањето на анализата на тие симболи, како и деловите што недостасуваат и се избришани. (MИА)

Коронавирус