понеделник, 1. март 2021. Вести денес: 120
home Технологија

Ако користите Гугл Хром ова треба да го прочитате, се воведуваат новости за лозинките

Ако користите Гугл Хром ова треба да го прочитате, се воведуваат новости за лозинките

Новата верзија на популарниот Интернет пребарувач – Хром 88, е објавена на почетокот од неделата, а на корисниците им носи нови функции наменети за заштита на нивните лозинки и податоци.

Покрај проверката на сочувани лозинки, да се да утврди дали некоја од нив е компромитирана, Хром ќе ги предупреди корисниците ако нивната лозинка е премногу „слаба“ односно лесна за да биде безбедна. Доколку е потребно да смените било која од лозинките претходно сочувани, постои ново подесување кое е поедноставно.

Хром ќе ве извести и кога лозинката се смета за „слаба“, ако лесно може да се погоди бидејќи е прекратка или затоа што како лозинка користите познат збор како на пример вашето име или некое место. Во секој случај „слабите“ лозинки добиваат посебен дел во одделот за лозинки, а Хром ќе ве праша дали сакате да ги смените.

Гугл за оваа намена додал и нова функција која ја олеснува промената на сочувани лозинки. Оваа функција на Хрон-88 ќе се појави во текот на наредните недели.

Коронавирус