вторник, 21. август 2018. Вести денес: 122
home Млади таленти

Танчерите со даунов синдром од „Dancers United MK“ два пати на победничкиот пиедестал во Италија ја пееја македонската химна

Танчерите со даунов синдром од „Dancers United MK“ два пати на победничкиот пиедестал во Италија ја пееја македонската химна

Извонредни резултати на македонската Пара танц репрезентација од танцовото студио „Данцерс Унитед МК“ на Европското првенство во Џенова, Италија. Танчерите со даунов синдром од „Dancers United MK“ два пати на победничкиот пиедестал ја пееја македонската химна.

Златните танчери ги постигнаа следните резултати:

Златен Медал во категорија – група Шоуденс ( Оливер Блажевски, Александар Матовски, Дарко Ефтимовски, Моника Бисовска, Ена Митревска и Ана Беќарска).

Златен Медал за Александар Матовски и Ана Беќарска во категорија Двојки Carribbean Show
Сребрен Медал за Моника Бисовска во категорија- Шоуденс Соло Женски
Сребрен Медал за Дарко Ефтимовски во категорија Шоуденс Соло Машки
Сребрен Медал за Ена Митревска – Во категорија Бачата Соло Женски.

Нашите танчери водени од менторите и кореографите Сара Кочан и Нермин Кочан како и тренерот и кореограф Виолета Балшевска уште еднаш покажаа дека и тие можат и умеат да ја освојат цела Европа.

-Чувството е прекрасно и срцето затреперува кога се слуша македонската химна додека овие златни деца го веат македонското знаме на пиадесталот. Танчерите со даунов синдром заедно со сите останати танчери од студиото „Данцерс Унитед Мк“ се неуморни и не застануваат тука, сега се спремаат за Државното првенство во модерни танци на 10 јуни во Битола и Светското првенство за Хип Хоп во октомври во Киелце, Полска и светското првенство во октомври во Бергамо, Италија. Држете им среќа и бидете горди и радувајте се заедно со нас, вели Сара Кочан, директор на Данцерс Унитед Мк и претседател на Пара танц на Македонијa.