четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 0
home Млади таленти

Младиот сликар со дела кои влеваат топлина: Мачуков е талентираниот професор чија уметност ги буди сите сетила (ФОТО)

Младиот сликар со дела кои влеваат топлина: Мачуков е талентираниот професор чија уметност ги буди сите сетила (ФОТО)

Дејан Мачуков е роден 23.07.1994 во Скопје. Моментално работи како професор по ликовна уметност во средно училиште во Богданци, Македонија.

Во 2017-та година дипломира на факултетот за ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство со графички дизајн во класата на ред.проф. Благоја Маневски.

Има учествувано на многубројни групни студенски изложби и остварено неколку самостојни изложби во Македонија.

Тој е апстрактен-експресионистички сликар кој моментално работи на неговата серија насловена „Топлина“.

Oваа тема има за цел да се презентира едно истражување на нашите сетила односно наше гледање на нештата кои се присутни во природата без разлика на тоа како изгледаат во реалноста.

„Целото наше знаење започнува со сетилата, потоа продолжува до разбирање и завршува со разум. Не постои ништо поголемо од разумот.

Не вреди да се барат материјалните богатства во животот додека не се откријат тие од природата.Природата како инспирација и како енергија која е извор на нешто потсвесно, на нешто длабоко најдено.

Онаа топлина која не е како во буквална смисла на зборот, туку како нешто свето, духовно односно како посебен дар од природата. Во еден момент преку бојата го откривам нејзиниот јазик(нежното шепотење на бистрите реки и различните испреплетени песни на птиците), а од друга страна се ставам себеси како една машина за преработка на тие емоции кои поминуваат преку мене додека сум присутен и сум како дел од неа, вечно да ги заробам на моето платно да станат сведоци на моето постоење“-порачува Маневски.

Тој е млад талент на кого КУРИР му дава силна поддршка промовирајќи го како млад талент на кој Македонија треба да се гордее.

Дел од неговите дела погледнете ги во продолжение:

 

 

 

Најнови вести