недела, 9. август 2020. Вести денес: 58
home Млади таленти

Домашните „Funk Shui“ на 10. фестивал „Здраво млади“

Домашните „Funk Shui“ на 10. фестивал „Здраво млади“

Јубилејното десетто издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади“ ќе се одржи на 27 август годинава во паркот МКЦ. На фестивалот ќе учествуваат нашиот бенд „Funk Shui“, данските легенди на инди-рок сцената „Efterklang“, „Lalalar“ од Истанбул, „Viagra Boys“ од Шведска, британското пост-панк трио  „Shopping“.

Фестивалот, како што, информираа Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе биде реализиран со почитување на Протоколот за организација на настани, кој беше усвоен на 73-та седница на Владата.

Билетите по цена од 500 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Коронавирус