недела, 9. мај 2021. Вести денес: 45
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ го одбележува Денот на победата над фашизмот

home Љубов и секс

Зошто на пролет одеднаш почнувате да зрачите со сексапил?

Зошто на пролет одеднаш почнувате да зрачите со сексапил?

 


Пролетта е период во кој нашите мисли спонтано одат кон насока на љубовта, нежноста, сексот. Многу поети будењето на емоциите во пролетниот период го споредуваат со будењето на природата по зимскиот сон.

Веројатно и самите сте забележале дека луѓето се склони токму на пролет да започнуваат романтични врски, мечтаат за секс и слично.

Тоа го докажаа и истражувања кои покажаа дека природата се погрижила нашето тело, хормоните и либидото на пролет да бидат поактивни и повеќе насочени кон интимност.

1. Идеална температура за секс

Истражување објавено пред повеќе од 10 години во списанието The Journal of Reproductive Rhythms покажа дека степенот на плодност кај луѓето е под директно влијание на промената на годишните времиња. Температурите меѓу 10 и 22 степени Целзиусови покажале дека се идеални за зачнување деца, овие температури ја поттикнуваат овулацијата кај жените и производството на сперматозоиди кај мажите.

2. Се чувствуваме посексапилни

Резултатите од анкета спроведена од компанијата Wet, американски произведувач на лубриканти и други производи за интимна нега и сексуално уживање, јасно покажаа дека луѓето на пролет навистина стануваат позаинтересирани за секс.

3. Сперматозоидите се побрзи на пролет

Интересно е и што квалитетот на сперматозоидите се разликува по годишни времиња. Истражување објавено во American Journal of Obstetrics and Gynecology покажа дека количината и концентрацијата на сперматозоидите се значително пониски во летните месеци, кога температурите се изразито повисоки, а квалитетот на сперматозоиди е највисок во зима и на пролет. Во тие годишни времиња сперматозоидите се морфолошки најправилни, но и најбрзи.

4. Жените се најрасположени за секс

Норвешки научници утврдија дека женската сексуална желба зависи од количината на светлина и сонцето. Проучувајќи ја врската меѓу сексуалната желна и светлината, научниците откриле дека во април и мај жените покажуваат најголем интерес за секс.

Како факт за тоа се наведува излачувањето на женските хормони кои влијаат на либидото паралелно со количината на изложеност на дневна светлина.

5. Имаме повеќе енергија

Дневната светлина, меѓу останатото, му сигнализира на телото да излачува помалку мелатонин, хормон кој го подготвува телото за спиење. Кога се излачува помалку мелатонин, имаме повеќе енергија и се чувствуваме како од хибернација да преминуваме во период на активности и енергичност.

извор: Кајгана

Коронавирус