четврток, 15. април 2021. Вести денес: 158
home Љубов и секс

Знаете ли што е сива сексуалност?

Знаете ли што е сива сексуалност?

Се повеќе луѓе на социјалните мрежи признаваат дека се greysexual, во слободен превод сиво-сексуални

На видеото неодамна објавено од BuzzFeed, неколку луѓе зборуваа за асексуалноста и сиво-сексуалноста, а многу читатели првично не разбраа што всушност значи сивата сексуалност или сивата асексуалност.

Терминот се однесува на луѓе кои имаат ограничена сексуална привлечност. Со други зборови, тие доживуваат сексуална привлечност многу ретко или со многу слаб интензитет.

Содржината продолжува после огласот

Експертите истакнуваат: Нанесете го овој гел и болката ќе исчезне веднаш. Тајната е во…

Сиво-сексуалните луѓе се некаде помеѓу асексуални и алосексуални. Ова произлегува од идејата дека сексуалноста не е црно-бела, туку постои „сива зона“ во која припаѓаат многу луѓе.

Се поставува прашањето дали луѓето од сива сексуалност се едноставно оние кои имаат ниско либидо.

Не се.

Healthline ја објаснува разликата помеѓу намаленото либидо и сиво сексуалноста.

Либидото се однесува на чувството за потреба од секс со цел да се почувствува сексуално задоволство и сексуално ослободување. Од друга страна, сексуалната привлечност се однесува на чувството дека ве привлекува одредена личност и сакате да имате секс со неа. Асексуалните и сиво-сексуалните лица можат да имаат високо либидо, а сексуалните лица може да имаат слабо либидо.

Коронавирус