понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Знаци кои откриваат дека сте во врска со нарцисоидна личност

Знаци кои откриваат дека сте во врска со нарцисоидна личност

Психотерапевтот Катарина Валентини за Daily Mail открива неколку знаци кои откриваат дека можеби си имате работи со нарцисоидна личност.

Ова се некои од нив:

  1. Партнерот ја дефинира врската

Освен што неговите потреби секогаш ќе бидат приоритет, ако имате работа со нарцис, постојано ќе чувствувате обврска да направите нешто за него. Ќе бидете манипулирани и често ќе чувствувате грижа на совест, бидејќи тој ве наведува така да се чувствувате за да го добие тоа што го сака.

  1. Го буди најлошото во вас

Партнерот би требало да го буди најдоброто во вас, да ве охрабрува да ги следите личните соништа и желби. Но, ако сте во врска со нарцис, сè е спротивно од тоа.

Валентини вели дека кога сте во ваква емоционално насилна врска, правите и зборувате работи кои се целосна спротивност на вашиот карактер и често сте тажни, разочарани, лути и беспомошни.

  1. Не се труди околу врската

Нарцисоидните личности се екстремно егоцентрични личности, така што не им паѓа на памет да се потрудат околу некој друг или околу врската.

Значи, вие постојано смислувате каде да одите на одмор, каде да излезете и слично, а од друга страна вистинскиот нарцис ќе се обиде да ве манипулира за да на крајот направите како што тој сака.

  1. Постојано прави драма

Ако долго време сте во врска нормално е да имате подеми и падови, но кога сте во врска со нарцис од негова страна постојано има драма. Валентини советува да размислите дали вашиот партнер се однесува како дете наместо да се соочи со проблемите како возрасен човек.

  1. Раскинувањето е ужасно

Ниту едно раскинување не е лесно, но раскинувањето со нарцис е катастрофално. Иако донекаде е нормално кратко време по раскинувањето да бидете малку огорчени на проблемите, оние кои се во емоционално насилна врска чувствуваат потреба да ја уништат другата личност.

Освен што минувате низ ужасен период ќе ви се чини дека таквата врска никогаш не е завршена.