вторник, 23. април 2019. Вести денес: 68
home Љубов и секс

Зезањето со партнерот е добро за врската, велат научниците

Зезањето со партнерот е добро за врската, велат научниците

Научниците од Државниот универзитет во Северна Каролина докажаа дека ако правите шеги на сметка на партнерот, тоа е одлично за зацврстување на врската, но само ако знаете каде да ја повлечете границата.

Професорот Џефри Хол, истражувач од катедрата за комуникологија при Универзитетот на Канзас, направи анализа на 39 истражувања со вкупно 1.500 испитаници, со фокус на важноста на хуморот во романтичните врски.

Според него, фактот дека другите мислат дека сте смешни или дека може да направите смешка од што било не е поврзано со тоа колку сте задоволни од врската, и вие и вашиот партнер.

Станува збор за хуморот што двојките го создаваат заедно, односно нештата и темите што им се заеднички смешни.

На пример, и двајцата повеќе сакате црн хумор, а шегите во ситком серии и романтични комедии воопшто не ви се смешни.

Не станува збор за тоа дека еден вид на хумор е подобар или полош од другиот, но кога ќе направите шега на сметка на партнерот во стил што на двајцата ви е смешен, со тоа ја продлабочувате вашата поврзаност и ја јакнете стабилноста.

Кога го познавате другиот толку многу што можете да правите шега на негова сметка без да се навреди, тоа создава посилна врска меѓу вас двајца.

Секако, треба да внимавате. Некои шеги што се смешни меѓу вас двајцата можеби не се соодветни за пред друштво.