четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Љубов и секс

Жените сонуваат за секс со пријател, а мажите сонуваат за секс со бившата

Жените сонуваат за секс со пријател, а мажите сонуваат за секс со бившата

Факт е дека понекогаш сите имаме секс соништа, а истражувањето во кое учествуваа 1.000 мажи и ист број жени, откри кои се најчестите еротски соништа.

Се покажа дека жените најчесто сонуваат за секс со пријател, додека најчестиот еротски сон за мажите е секс со бивша.

Пред да се изнервирате или лутите на партнерот, имајте на ум дека соништата не треба да се сфаќаат толку сериозно и дека не мора да го одразува она што навистина го сакаме.

Значи, нешто помалку од три четвртини од жените признале дека најчесто сонуваат за секс со пријател, додека 68 проценти од нив сонуваат за „акција“ со колега.

Нешто помалку, 62% од испитаниците сонувале за врска со странец, а 58% од нив сонувале за секс со партнерот.

Еден од честите соништа е за тоа како нивниот партнер ги изневерува, признале 57 проценти од дамите.

Кога станува збор за еротските соништа на мажите, по секс со бивша за која сонуваат 92 проценти од мажите, друг сон (72 проценти) е можеби повеќе кошмар – секс во кој тие некако се срамат и не можат да изведуваат како што треба.

Меѓу најчестите машки еротски соништа е оргијата, за која сонуваат 72% од мажите, додека овој сон е само деветти на списокот на анкетирани жени.

Покрај тоа, 68 проценти од мажите сонуваат за врска со позната девојка, додека 59 проценти сонуваат за „акција“ на јавно место.

Еротските соништа на мажите и жените се доста различни, но тие имаат едно нешто заедничко – сонуваат за нив доста често. Дури 93 проценти од испитаниците велат дека сонуваат такви соништа многу често, додека четвртина истакнуваат дека ги имаат „на секои неколку дена“.

Коронавирус