недела, 5. декември 2021. Вести денес: 74
home Љубов и секс

„Заледување“ – нов термин во модерните односи, еве на што се однесува

„Заледување“ – нов термин во модерните односи, еве на што се однесува

Состаноците им се многу тешки на многумина, а најлошо е преминот од опуштени врски во формални.

Многу често може да се случи едниот партнер да сака официјална врска и да мисли дека по одредено време е време за неа додека другиот сẻ уште не е подготвен. Постои голема веројатност партнерот кој го сака тоа да го праша другиот „што сме сега?“

Сега за таа фаза, велат експертите, има нов термин, а тоа е „заледување“. Терминот се однесува на некој што става романтична можност на „мразот“ или го замрзнува – партнерот покажува интерес, но не се откажува целосно.

Ова може да предизвика многу конфузија кај партнерот „ставен на мраз“, бидејќи не постои начин точно да се знае каде води нивната врска.

Што значи кога некој „те става на мраз“? Ова значи дека другиот партнер не ја прекинува врската со вас. Може да се каже дека одржува постојан контакт кој не е специфичен и ја држи целата врска неформална.

Тој се состанува со вас кога сака – сака да има некој покрај себе кога му треба, но не сака таа врска да биде официјална, а голема е веројатноста затоа што не е заљубен во вас и не гледа иднина со тебе.

Ако сте вие таа што е ставена на мраз, нема да знаете каде стоите во таа врска. Освен тоа, не можете ништо да планирате во таква врска бидејќи во повеќето случаи ќе зависите од нив. Ваквата врска може да биде емотивно многу тешка, особено за партнерот кој би сакал нешто повеќе и поформално.

Но, најлошото што може да се случи е принудување на другиот партнер на врска, бидејќи може да завршите повредени – постои поголема веројатност во одреден момент да почне да ве игнорира.

Коронавирус