вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 116
home Љубов и секс

Во кое годишно време имаме најсилен сексуален нагон?

Во кое годишно време имаме најсилен сексуален нагон?

Годишните времиња и нивната промена влијаат на сите аспекти на нашето живеење, вклучувајќи го и сексуалниот нагон.

Либидото е најсилно во есен, но има природни решенија со кои можете да го зголемите сексуалниот нагон и „вон сезона“, советуваат секс-терапевтите.

Летото се смета за прилично добро годишно време за секс бидејќи луѓето се чувствуваат послободно, се облекуваат поразголено и тоа прави да се чувствуваат секси, но и привлечени од другите луѓе. Повеќе време поминуваме меѓу други луѓе, физичкиот контакт е кожа на кожа.

Ако се анализираат хормоните, пак, есента е годишното време кога желбата се секс е највисока. Човекот, како и повеќето цицачи, има свој биолошки ритам кога станува збор за плодноста и други физички процеси.

Во една студија за тестостеронот кај мажите и жените истражувачите откриле дека и кај едните, и кај другите имало опаѓање на нивото на тестостерон во лето и зголемување наесен. Друго истражување спроведено на машки испитаници покажало дека нивото на тестостерон било највисоко во октомври и ноември. Дополнителни истражувања покажуваат дека не е необично кај мажите да дојде до пад на нивото на тестостерон во ладните зимски месеци.

Имајќи ги предвид овие студии, може да се дојде до заклучок дека есента е поволно време за секс. Сепак, друга студија покажува дека хетеросексуалните мажи сметаат дека жените се најсекси во ладните месеци бидејќи покажуваат помалку кожа, што им ја разгорува фантазијата.

Причини за намалено либидо

Ако партнерот или партнерката ретко или веќе никогаш нема раположение за секс, тоа влијае на врската и односот меѓу вас. Доколку со раговор не можете да дознаете кои се причините, погледнете ги околностите и претходното однесување на двајцата. Ова се најчестите причини за намалено либидо кај жените и кај мажите.

Финансиски проблеми

Со оглед на тоа дека проблемите со пари се една од најчестите причини за раскинување на врска и развод, не изненадува фактот дека финансиските грижи може да предизвикаат несогласувања и кај најхармоничните партнери. Нерешените финансиски стрес фактори во врската може да предизвикаат негативни чувства кон партнерот, страв и вознемиреност, нарушена доверба, симптоми на депресија и губење на сексуалниот нагон.

Недостаток на внимание

Во денешно време речиси е невозможно да седнете да гледате филм дома или да излезете на вечера без најмалку еден од вас да гледа во телефонот на секои пет минути. Ако вие сте партнерот кој тоа почесто го прави, помислете дали му посветувате повеќе време на телефонот или на саканата личност. Не го земајте другиот здраво за готово. Оставете ги сите гаџети во друга соба и посветете се еден на друг.

Недоволна физичка спремност и несигурност во сопствениот изглед

Ако партнерот или партнерката качиле некој килограм или немаат кондиција како некогаш, тоа може значително да влијае врз самодовербата и желбата за секс. Ако правите шега на нивна сметка на овие теми, тие не го доживуваат тоа како мотивација за подобрување на состојбата, туку само се вовлекуваат подлабоко во себе. Бидете полни со поддршка и ставете им до знаење дека ги сакате за тоа што го имаат во срцето и главата, а не поради начинот на кој изгледаат. Сепак, на убав начин укажете им дека за нивно добро треба да почнат да вежбаат.

Не им се допаѓа тој тип на секс

Понекогаш луѓето сфаќаат, дури и по одредено време во врска со истата личност, дека веќе не ги возбудува „вообичаениот“ секс, туку имаат потреба од поинаква сексуална возбуда. Проблемот се јавува кога не можат тоа да им го кажат на партнерите со кои претходно имале „обичен“ секс, па целосно ја повлекуваат интимата од врската.

Во секој од овие случаи најмногу ќе помогне искрен разговор и споделување на проблемот за да може заеднички да одлучите дали има решение и колку тоа ќе влијае врз вашата врска.

Коронавирус