недела, 22. септември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Вистината за тоа зошто младите мажи сакаат врска со повозрасна жена

Вистината за тоа зошто младите мажи сакаат врска со повозрасна жена

Синдром г-ѓа Робинсон или нешто друго? Зошто повозрасните жени им се допаѓаат на момчињата? Што гледаат во нив освен ликот на својата мајка? Дали ваквите мажи се емотивно незрели?

Ова се прашањата со кои одлучиле да се позанимаваат двете новинарки Фелисија и Сузан со намера да го испитуваат познатиот синдром на г-ѓа Робинсон.

Во истражувањето испитувале околу 200 мажи, а заклучокот ќе биде донесен во нивната заедничка книга која планираат да ја напишат.

Еве некои од нивните изјави:

Повозрасните жени сакаат да разговараат

Секако дека на мажите им се допаѓа да разговараат со една жена која има самодоверба. Логично дека самодовербата нема врска само со годините туку младите жени сè повеќе фокусирани на тоа да основаат семејство. Во спротивно, повозрасните жени имаат повеќе теми за разговор, а од мажите бараат и некои други работи.

Многу се поопуштени

Не преиспитуваат што сакаат од врската или сексот. Веќе го направиле тоа што требало во животот, а сега сакаат само да уживаат.

Имаат самоконтрола

Избегнуваат да се расправаат, да се одмаздува или да прави сцени за неважни работи. Не бараат емотивна поддршка или зависност од некој и може лесно да поминат преку разводот.

Пореални се

Жените во зрели години знаат што сакаат, од кого и кога. Токму поради тоа не бараат премногу.

Уживаат во сексот

Сакаат да пробаат сè што не пробале претходно, а освен уживање во сексот конечно знаат да уживаат и со своето тело.