четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home Љубов и секс

Вашите фантазии откриваат каква личност сте

Вашите фантазии откриваат каква личност сте

Според експертите, сексуалните фантазии не се само наши обични желби поврзани со сексот. Тие ја откриваат нашата вистинска страна.

Секс со друг пар

Ако во вашата фантазија се вовлекуваат мисли за секс со друг пар, според психолозите станува збор за компетитивност. Според нив, вие сте љубоморна личност која е и љубопитна.

Да бидете набљудувани за време на сексот

Доколку фантазирате за тоа да бидете набљудувани додека имате секс од личност која не ја познавате, вие сте личност која е авантурист, но и која го цени мислењето на другите луѓе. Вие сакате да оставате добар впечаток кај луѓето и тие да ви се восхитуваат.

Сакате потчинетост

Доколку сакате да имате секс со личност која е доминантна во секост и која ве гледа само како сексуален објект, тоа открива дека сте личност која во реалноста и животот е многу силна, но која на сексот гледа како нешто што го дополнува нејзиното живеење. Вие сте личност која не се плаши од сексот и која сака потполно уживање, но и слобода и опуштање за време на сексот.

Вие сте доминатна личност

Ова е една од најчестите фантазии и кај мажите и кај жените. Ова е поврзано со тоа дека сте личност која е многу емотивна, но која сака да преземе тотална контрола над нештата. Ваквите инстинкти се животински, но и многу реални и гарантираат добар секс.