вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 136
home Љубов и секс

Утрински или вечерен с*кс – што е подобро?

Утрински или вечерен с*кс – што е подобро?

Активниот и здрав сексуален живот се препорачува речиси секогаш, а за позитивните ефекти од редовниот секс сме зборувале многу пати досега.

Сексот не мора секогаш да биде фантастичен, а тоа значи дека не мора секогаш да заврши со оргазам (за двајцата), но не поради себичност, туку поради самиот факт дека треба да уживате во целиот процес, а не само во кулминацијата.

Најважно е да знаете кои ви се приоритетите и да ги следите вашите природни потреби. Нема потреба од форсирање, но сепак треба да вложите напор ако сакате да имате подобар секс.

Не е важно кој е иницијатор. Кога очигледно има сексуална привлечност, навистина не е важно кој прв ќе иницира секс, важно е убаво да си поминете и двајцата. Не заборавајте на предиграта. Спонтаниот секс е супер, но кога веќе имате време и простор на располагање, опуштете се и уживајте целосно.

Комуникацијата е најважна. Без разлика дали сте со истиот партнер подолго време или имате нов партнер, комуникацијата е клучна за врвно задоволство. Искрено кажете што ви се допаѓа, а што не, и исто така бидете отворени за мислењата на партнерот, неговите желби и потреби.

Ослободете се. И кога сите „услови“ ќе бидат задоволени ви останува само уште едно: да се ослободите од сите стеги и ограничувања и да си дозволите неинхибирано сексуално уживање.

Утрински или вечерен секс?

Сексот не треба да биде обврска. Следете и вашите природни биоритми и имајте секс, макар и на брзинка, кога ќе ви се пружи прилика, а не по распоред. Сепак, експертите сакаа да дознаат дали повеќе поволности имате од утрински или од вечерен секс.

Истражувачите од Универзитетот во Квинсленд направија истражување чии резултати покажаа дека вечерната акција во спалната соба е подобра за вас. Физичката активност и напливот на хормони ќе ви помогне подобро да заспиете и да имате поквалитетен сон.

Во истражувањето биле анализирани 800 мажи и жени кои одговарале на прашања за нивниот сексуален живот. Резултатите покажале дека 59% од жените и 68% од мажите рекле дека сексот пред спиење им влијае позитивно на квалитетот на сонот.

Ако постигнете оргазам, тоа дополнително позитивно влијае на спиењето, а тоа го потврдиле 68% од жените и 74% од мажите.

Но, не се секирајте ако сте сингл и немате партнер во моментов. Мишел Лестела, која го водеше истражувањето, вели дека со самозадоволување може да го постигнете истиот ефект.

„Уживањето во безбедни сексуални активности, без разлика дали ги правите сами или со партнер, може да ви помогне подобро да заспиете“, вели таа.

Експертите сметаат дека сексуалното задоволство помага побрзо да заспиете поради лачењето на хормоните окситоцин и пролактин, што влијае на намалување на стресот.

 

Коронавирус