понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 28
home Љубов и секс

Трикот е во деталите, тврдат мажите: Ова е разликата помеѓу добриот и незаборавниот секс!

Трикот е во деталите, тврдат мажите: Ова е разликата помеѓу добриот и незаборавниот секс!

Без разлика дали штотуку сте се запознале или сте интимни со години – разбирањето на она што другата личност го сака е основниот предуслов за огномет во кревет.

Мажите велат дека постојат 8 работи по кои се разликуваат добриот и одличниот секс.

Истражување – ова нема да се случува за време на секој сексуален однос, но секогаш кога ќе испробате нешто ново со партнерот, ќе го зачините малку својот сексуален живот.

Хемија – звучи како клише, но ова навистина е еден од најважните аспекти на одличниот секс. Нема хемија – нема добар секс, едноставно е!

Отфрлање неважни работи – ќе ви биде непријатно само ако дозволите да биде така. Иако најинтимниот човечки однос може да предизвика незгодни ситуации, како што се непријатни или чудни звуци на телото, не мислете на тоа, бидејќи со вас е човек со кого сте интимни, а интимноста подразбира и такви работи.

Партнер кој ве возбудува – не, тоа не е исто што и згоден партнер. Некогаш добро е чувството да бидете со некој што опасно ве привлекува физички, без разлика како изгледа, а особено без оглед на тоа дали имате слични животни желби и ставови.

Предигра – кој знае колку пати сте читале или слушале за нејзината важност, но толку е важна, што едноставно е задолжителна тема. За многумина, предиграта е поважна од самиот секс. Освен тоа, колку подолго трае толку подобар е сексот.

Природна комуникација – без разлика дали штотуку сте запознале некого или сте интимни со години, разбирањето и слушањето на она што другата личност го сака е апсолутно неопходно. Тоа доаѓа природно – или го имате во себе или го немате.

Чиста страст – тоа е оној момент кога на некој чуден начин се поклопуваат вистинското време, место, вистинската личност и расположение – едноставно кога сè околу вас и во вас гори. Не се случува често, за жал.

Уживање на партнерот – секогаш можете да почувствувате кога вашиот партнер не е целосно присутен. Ако се однесува како да не добива апсолутно ништо од сексот, вашето расположение автоматски паѓа. Но ако и двајцата сте ентузијастични и сакате да го видите партнерот задоволен, дури и техниката и искуството стануваат помалку важни.

Трипати неделно или неколку пати годишно: Колку секс е доволно?

Коронавирус