понеделник, 10. декември 2018. Вести денес: 129
home Љубов и секс

Три најлоши работи кои паровите ги прават за да ја спасат безнадежната врска

Три најлоши работи кои паровите ги прават за да ја спасат безнадежната врска

За да се спаси една врска или брак треба многу работа, но постојат граници преку кои не треба да се прејде и кога треба да сфатите оти треба само да го пуштите бројот кој тоне.

Ова се најлошите работи кои можете да ги направите во вашата врска која пропаѓа:

Се правите дека се е во ред

Раскинувањето за некого е срам, па глумат дека се е како што треба. Тоа не вклучува само глума пред роднините и пријателите – паровите кои се трудат со игнорирање да го решат проблемот често глумат и кога се сами.

Се одлучуваат за брак

Сигурно сте слушнале барем за еден пар кој веќе одамна е несреќен, но наместо вести за раскинување, слушате дека ќе се венчаат. Стравот од осаменост кај некои луѓе е толку голем што понекогаш тие се подготвени да направат се за да не дојде до тоа.

Работат на дете

-Многу ни е лошо во врската, можеби работите ќе тргнат на подобро кога ќе добиеме дете – иако ова е погрешен пристап, голем број луѓе се уште така размислуваат.