сабота, 25. мај 2019. Вести денес: 38
home Љубов и секс

Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради она што сум јас кога сум со тебе…

Те сакам, не само поради тоа што си, туку и поради она што сум јас кога сум со тебе…

Љубов

Те сакам,
Не само поради тоа што си,
Туку и поради она што сум јас
Кога сум со тебе.

Те сакам
Не само поради она
Што имаш направено од себе,
Туку и поради она
Што го правиш од мене.

Те сакам
Поради оној дел од мене
Кој го изнесуваш на виделина.

Те сакам,
Затоа што ставаш рака
На моето срце пренатрупано со грижи,
И преминуваш преку
Сите лудости и слабости
На кои не можеш да им помогнеш,
А седат таму во маглата,
Па ги изведуваш
На светло.
Сиот тој прекрасен предел во мене
Во кој никој претходно
Не се загледа доволно далеку
За да го пронајде.

Те сакам,
Затоа што ми помагаш
Од нафрланите крпи од својот живот,
Да изградам,
Не крчма,
Туку храм.
Во секојдневните дела
Да не слушам прекор,
Туку песна.
Те сакам.
Те сакам.
Затоа што направи повеќе
Отколку што би можел некој друг,
За да ме направи добар.
Повеќе од кој било друг,
Да ме направиш среќен.

Без зборови.
Без допири.
Без знаци.

Направи сѐ,
Само со тоа што едноставно
Беше тоа што си.
Можеби тоа е она што велат:
Да бидеш пријател.

Извор: skopjeinfo.mk