вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Љубов и секс

Тајните на Кама Сутра за експлозивно задоволство: Вреди да се прочита!!!

Тајните на Кама Сутра за експлозивно задоволство: Вреди да се прочита!!!

Многумина Кама Сутра ја доживуваат само како збирка на сексулани пози, но таа е многу повеќе од тоа. Освен на сексот, древниот текст се фокусира и на односот помеѓу љубовниците, но и на самата љубов.

Иако се работи за совети стари неколку илјади години, поголемите правила за квалитетен сексуален и љубовен однос лесно можат да се применат и денес.

За древниот индиски мислител Ватсјајан кој ја напишал Кама Сутра, сексот е дел од природниот баланс на животот, а во продолжение прочитајте ги неговите три правила за максимално сексуално задоволство.

 

Предиграта е клучен дел за сексот

Според Кама Сутра нема добар секс без предигра која мора да биде добро направена. Притоа предиграта не значи да биде само физичка.

Кама Сутра вели дека и интимноста е предигра, а таа вклучува и кватилетна комуникација и вербално искажување љубов.

Освен тоа многу е важно на љубовникот на сите можни начини да му кажете дека го сакате и посакувате, а во тоа најголема улога покрај допирите имаат и зборовите.

Жената секогаш има предност кога станува збор за оргазам

Познато е дека мажот многу полесно и побрзо доживува оргазам, додека пак на жените им е потребна малку поголема стимулација. Поголем дел од мажите сега би помислиле дека е логично што тие први го доживуваат врвот, но Кама Сутра не се согласува со тоа.

Во текстот пишува дека жената има предност кога е во климакс, а доколку мажот инсистира на тоа, тоа значи дека ја цени и ја разбира својата партнерка.

Сексот треба да се цени

Според Кама Сутра сексот не е само физичко задоволство туку мора да го гледаме и како нешто кое многу значи. Сексот е патот до подобра комуникација, а колку комуникацијата е подобра тоа поврзаноста во врската е многу поголема.

Сексуалниот однос е и доверба, отвореност, грижа за партнерот, како физичко, но и емотивно суштество.