петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 132
home Љубов и секс

Совети кои ќе ви помогнат да ја вратите страста во врската

Совети кои ќе ви помогнат да ја вратите страста во врската

Потребно е само малку труд за да внесете свежина во љубовната врска.

Психологот Елена Кузмановиќ вели дека партнерот е еден вид огледало на самите нас. Како созреваме, така правиме и подобри избори. Доколку исчезне страста во врската, најпрвин треба да се соочите со тоа и да се запрашате што е проблемот и дали партнерот е вистинскиот за вас.

Проблемите влијаат на страста и на либидото, а овие совети ќе ви помогнат како да ја вратите страста во врската.

Допирајте се често

Преку допирот вие всушност кажувате „те сакам“, но без зборови. Тука не зборуваме само за гушкање, туку и за случајни допири по рамото, ногата, грбот.

Научете да слушате

Зборовите на партнерот треба да останат во вашата глава, а не да излезат низ другото уво. Вистински слушајте го својот партнер и не го прекинувајте. Треба да му покажете дека може да има доверба во вас и на кој начин ќе бидете поблиски.

Прифатете дека секоја врска има добри и лоши денови

Не очекувајте сè да биде мед и млеко. Лошите периоди ќе ја направи вашата врска посилна.

Разговарајте за иднината

Секојдневните разговори за ручек, шопинг, расправии за пари се здодевни. Разговарајте за вашите сонови, желби, планови. Ќе размените многу креативни идеи и ќе се забавувате.

Пробајте го неговото хоби

Доколку досега не сте гледале фудбал со вашиот партнер, еве еден интересен предлог за да уживате заедно. Заедничкото навивање води до телесен контакт. Вложете труд за да откриете што вашиот партнер сака и зошто.

ЕУРО 2020

Македонија