недела, 18. ноември 2018. Вести денес: 43
home Љубов и секс

Совети како да издржите подолго во сексот

Совети како да издржите подолго во сексот

Во ера кога времето чини пари, педантните статистичари пресметале дека просечниот сексуален однос трае 11 минути.

Без оглед дали сметате дека тоа е прекратко или можеби предолго, имајте на ум дека поголемиот дел од жените имаат потреба од повеќе време за да доживеат оргазам за разлика од мажите. Покрај тоа, сексот секако не е трка која мора што побргу да ја завршите. Опуштете се и уживајте, а ние ви пренесуваме неколку сови од порно ѕвездите како да издржите подолго во креветот.

Дишете длабоко

Оргазмот е работа на умот. Доколку се претварате дека сте возбудени, секако набргу и ќе доживеете оргазам и ќе ја оставите партнерката или парнерот на цедило. Поради тоа, мораде да се смирите и да дишете длабоко. Обидете се да ги заокупирате мислите со нешто друго – советува порно актерот Дерик Пирс.

Не брзајте никаде

Сексот не е трка што сакате да ја завршите што побргу. Никаде не брзајте. Обрнете внимание на деталите. Трудете се да го доживеете секој момент – додава Пирс.

Менувајте пози

Доколку ви изгледа дека сте пред оргазам, сменете ја позанта. Направете пауза. Немојте да започнувате секс со својата омилена поза. Неа чувајте ја за крај – советува порно актерката Кели Медисон.

Полека и сигурно

За добар секс е потребна предигра. Наместо да трае пет минути, за неа одвојте 20 минути или цел час, доколку за тоа имате време. Предизвикувајте се еден со друг. Набргу нема да ви биде важно колку време ќе трае вашиот сексуален однос – вели актерката Кејси Клаверт.

Направете пауза

Доколку мислите дека не можете да издржите и дека оргазмот е неизбежен – застанете. Направете пауза. Тоа не е проблем. Обидете се своето внимание да го фокусирате на тоа како да ја задоволите партнерката или партнерот – открива порно актерката Џесика Дрејк.

Пракса и само пракса

Додека мастурбирате можете да ги увежбувате техниките на одложување на оргазмот. Тие можат да ви помогнат и за време на сексот – додава Џесика Дрејк.