четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 196
home Љубов и секс

Со каков вид мажи најдобро се води љубов, и што гарантира жестока кулминација

Со каков вид мажи најдобро се води љубов, и што гарантира жестока кулминација

Додека оние кои сметаат дека таа техника е важна за добар секс, и другата страна која е опседната со големината на пенисот кај мажот, се расправаат, вистина е дека и едните и другите… грешат.

На крајот на краиштата, сè што треба да направите е да ги прашате жените.

Истражувањето спроведено на 103 „сингл“ дами покажа дека на жените најважната машка одлика кај сексот им е: смисла за хумор.

Мажите кои се оценети како духовити, односно знаат како да се пошегуваат и да водат интересни разговори, беа избрани за најдобри љубовници.

А, колку е важен хуморот, најдобро покажува фактот дека дамите изјавија дека смешните, креативни и емотивно „топли“ мажи почесто предизвикуваат оргазам кај жените, како и дека со нив кулминациите се – најдобри.

Ова исто така има сосема логично објаснување: веселиот карактер кај мажот и доброто расположение се важни детерминанти на најнезаборавните оргазми. Ова сугерира дека хуморот доведува до блискост што им овозможува на жените да доживеат интимност на многу повисоко ниво.

„Нашето истражување покажа дека женските кулминации зависат многу од одликите што потенцијално претставуваат вложување и внимателност (верност, емоционална топлина и духовитост) отколку од класичните одлики како гените и мажественоста“, велат авторите на студијата.

Најдобрите сексуални искуства жените ги имале со мажи кои имале позитивни карактерни особини.

Тајната на жестокиот оргазам лежи во овие машки квалитети – духовитост, креативност, верност, топлина и убав мирис, и што е најважно, мажите со овие квалитети се трудат повеќе од другите да ја доведат својата партнерка до оргазам.

Се разбира, треба да се биде свесен и за одредени ограничувања во оваа студија, а тоа го истакнуваат и истражувачите: Имено, тешко е да се процени која карактеристика навистина најмногу придонесува за оргазам.

На пример, хуморот и креативноста можат само да го зголемат чувството на привлечност, а со тоа, веројатноста за оргазам се зголемува.

Нормално, физичките карактеристики на посилниот пол не треба да се занемаруваат, а некои истражувања покажаа дека две машки карактеристики се многу важни за жените: широки рамења и самодоверба…

Коронавирус