вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 131
home Љубов и секс

Слободата е еден од темелите на здрава врска

Слободата е еден од темелите на здрава врска

Животот во двојка често подразбира компромиси, но има и нешта кои не треба да се жртвуваат во врската. Во прв ред тоа е слободата.

Во здрава врска, како што препорачуваат стручните лица, би требало да можете да излезете сами и да уживате, а вашиот партнер да не биде загрижен или вознемирен. Посесивниот однос обично е показател на несигурност.

Првиот чекор да се надмине тоа, е минување повеќе време со партнерот/ката. Така се постигнува повисок степен на тоа обајцата да ги гледаат и слушаат нештата на ист или сличен начин, и тие побрзо се вљубуваат еден во друг.

– Ако постојано „расправате и преговарате“ околу тоа колку често сакате да бидете заедно, тоа не е добар знак. Тоа укажува дека различно гледате на тоа каква треба да биде вашата врска. Некој од вас се труди работите да бидат посериозни, а другиот сака сè тоа да биде поопуштено. И двете гледишта се в ред, но оваа разлика може да предизвика проблеми, објаснува психотаревтката Ејми Харстин.

Вториот чекор е добра комуникација која ве поврзува со партнерот и е основен дел од здравиот однос. Кога имаат позитивна емотивна врска со партнерот, обајцата се чувствуваат безбедно и среќно. Кога луѓето не комуницираат добро, тие престануваат и добро да се однесуваат еден со друг, што може да ја раскине врската. Можеби звучи банално, но додека комуницирате ги решавате сите проблеми со кои се соочувате.

Во таа смисла, во одреден миг партнерите ќе го постигнат и тоа заедно да уживаат во моментите на тишина, смета Мелина Карвер, исто така терапевт за љубовни врски.

Одржувањето на физичката интимност е исто така многу важно за градење здрава врска. Иако сексот е основа за добра врска, тоа не треба да биде единствената физичка блискост меѓу партнерите. Честите нежни допири, како што е држење за раце, прегратки, бакнување се исто толку важни.

Научете да земате и да давате во врската. Ако очекувате да го добиете она што го сакате во врска 100 отсто од времето, ризикувате да бидете разочарани. Здравите односи се градат со компромиси. Би требало да се знае што е важно за другиот и да работите на тоа. Важно е да ги препознаете вашите желби и потреби.

Исто така, треба да се биде подготвен за подеми и падови што се случуваат во секоја врска. Понекогаш вашиот партнер можеби се бори со проблем што го / ја вознемирува, како што е смрт на близок член на семејството, губење работа или сериозни здравствени проблеми, што може да влијае на врската и да го отежне односот. Луѓето различно се справуваат со стресот – секој на свој начин. Затоа е многу важно недоразбирањата да не се претвораат во фрустрации, бес, лутина и караница.