понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 59
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Слабо с*кс во карантин, вели шефот на Durex

Слабо с*кс во карантин, вели шефот на Durex

Шефот на компанијата Reckitt Benckiser која ја поседува Durex, вели дека луѓето послабо имаат секс во време на пандемијата со коронавирусот што ги затвори во нивните домови.

Лаксман Нарасиман за BBC изјави дека продажбата на кондоми опаднала на повеќето пазари во текот на март и април додека траеја различните форми на карантин и забрани за движење кои ги ограничија шансите за сексуални активности кај луѓето.

Тој исто така вели дека условите придонеле и двојките кои живеат заедно да бидат интимни поретко од вообичаено.

„Луѓето се вознемирени, анксиозни, летаргични… тоа не е расположение за секс“, вели тој.

Италијанците и Британците имале најзначителен пад во потрошувачката на овој бренд кондоми за време на пандемијата, додека во Кина се подобрува продажбата по олабавувањето на забраните за движење.

Британските обложувалници предвидуваат дека ќе има бејби бум во 2021 година, со претпоставка дека поголема е веројатноста дека двојките кои живеат заедно ќе имаат секс почесто и без заштита во вакви услови.

Коронавирус