понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 59
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Ситуации во кои сексот треба да се препише како лек

Ситуации во кои сексот треба да се препише како лек

Како сексуален психофизиолог, д-р Никол Прауз ги проучува менталните и физичките промени што се случуваат за време на сексот, а својата кариера ја изградила дизајнирајќи иновативни уреди, протоколи и експерименти за да го стори сето тоа. Нејзината цел е да ги открие здравствените придобивки од сексуалната стимулација, па има добра причина зошто луѓето веруваат дека постои врска помеѓу сексот и доброто здравје. Во кои ситуации сексот би служел како лек за луѓето?

Кога не можете да спиете
Што ќе ви е чај кога постои секс?!

Кога се обидувате да се смирите со партнерот
Дури и ако вашиот партнер се извинил, но вие сепак сакате да му удрите шлаканица, подобро удрете го по задникот и за неколку минути сè ќе биде како претходно.

Кога сте под голем стрес на работа
Кога имате толку многу работа што работите дури и дома, одвојте малку време за партнерот и потоа полесно ќе можете да продолжите да работите.

Кога немате време за вежбање
Вежбањето има корисен ефект врз вашето здравје, но има денови кога едноставно нема да имате време да стигнете во теретана. Затоа, уживајте во вежбањето со партнерот.

По лошата фризура
Плачевте, се прифативте себеси со нова фризура, ѝ се јавивте на вашата пријателка, но сè уште сте нерасположени. Сексот во овој момент ќе ви помогне да запомните дека фризурата не е најсексапилната работа на вас.

По импулсивно купување долна облека
Ако потрошивте повеќе отколку што мислевте и сега жалите за тоа, веднаш облечете ја новата долна облека и дозволете му на партнерот да ви ги покаже дека тие пари не се потрошени залудно.

Кога не можете да одлучите што да гледате
Вие сакате романтика, а тој акција. Комбинирајте ги жанровите така што ќе го прескокнете филмот и ќе ја доживеете акцијата во спалната соба.

Кога имате уште многу време до излегувањето на вечера, но сте гладни
Наместо да го расипете апетитот, уживајте еден со друг. Верувајте дека ќе заборавите на гладот.

Кога престојувате во ужасен хотел
Иако сè е ужасно, важно е дека двајцата сте заедно. Во иднина, ќе се потсетувате на оваа приказна со насмевка, па сега создадете материјал за сеќавање.

Кога одложувате сè
Конечно сте планирале да ја средите вашата гардероба или да го исчистите фрижидерот, но никако да го направите тоа. Водете љубов, а потоа нема веќе одложување.

Кога едниот од вас оди на долго патување
Знаете дека ќе си недостасувате еден на друг и дека ќе бидете осамени. Заборавете на тоа и искористете го моментот.

Кога ви е здодевно
Слободниот ум е ѓаволска работилница што може да произведе секакви лоши идеи: од купување преку Интернет до кратење на косата. Наместо тоа, уживајте во сексот со партнерот.

Кога ви треба енергија
Кога немате доволно енергија и концентрација, а имате уште многу обврски, брзиот секс ќе биде многу добар за вас.

Коронавирус