понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Сите ме прашуваат како и после сѐ не ми е страв повторно да се заљубам…

Сите ме прашуваат како и после сѐ не ми е страв повторно да се заљубам…

Конечно дојде време за ролерки, мојата омилена активност во лето. Конечно падна мрак. Нема комарци, нема луѓе и нема жешко време. Но, има гранчиња на стазата. Уште веднаш паднав како што не сум паднала со години. Се испружив колку што сум долга и широка на тревата покрај стазата.

Дури и после 10 дена, еве, цело колено ми е уште модро. Ме боли, што да правам. Дечко ми ми попува. Сите нешто ми викаат да се откажам од ролерките. Ми велат: „А што ако паднеш повторно?“ Ми велат дека ќе се искршам. Дека уште повеќе ќе се повредам. Ми велат дека сум будала и дека треба да се чувам.

Одмавнувам со раката и велам дека не е важно ако паднат пак, исто како што не е важно и ако скршам нешто. Не им е јасно, ниту на мојот дечко, ниту на мајка ми, ниту на другарките зошто го правам сето тоа. Мислат дека си играм со судбината и со животот.

Не е така, не си играм ниту со судбината, ниту со животот. Јас само живеам онака како што сакам. Па дури и ако има можност повремено да се искршам. Секако дека повторно ќе возам ролерки откако ќе ми се смири коленото.

Еднаш така и рака си скршив, пред околу 15 години. Но, од кршењето коски, го памтам само тоа едно кршење и Господ знае уште колку кршења на срцето. Да, срцето ми е направено партал од тоа колку пати било скршено, па пак не се предавам. И тогаш ми велеа да внимавам, дека тоа можеби и не ми е нешто најпаметно, дека можам подобр, дека не сум подготвена, дека сум храбра што воопшто влегувам во врска. Дури и голем дел од друштвото ми го кршеше срцето, па повторно ги имам, некои ми го скршија па го залепија и гледај чудо, сѐ уште се дружиме. Нема место каде не ми се скршило срцето. Не претерувам, срцето ми е преполно со рани, затоа што ете, такв сум. И не ми е криво за тоа…

Постојано одев на онаа работа каде секој ден ме кршеа (емотивно и психички), се возев во автобус каде секој ден доживував нешто, некогаш добро, некогаш лошо. Одам и во пошта и во банка, одам по улица на која има просјаци, влегувам во болница и гледам море од луѓе на кои никој не може да им помогне. Ќе им ја залечат раката или ногата, но не можат да го поправат другото. Не се чудотворци, а ни јас. И секој пат кога некоја ситна рана ќе остане на срцето, а понекогаш се прави рана на исто место каде што некогаш имало друга рана. Нека седат, барем така велам.

Ги прифатив сите тие рани како дел од мојот живот, затоа што тие носат нешто друго, нешто многу поубаво, а тоа се љубовта и чувствата кои не може да ги избрише ниту едно кршење на срце.

Многу луѓе ме прашуваат како не ми е страв повторно да се заљубам и после сѐ… Велам дека секако дека ми е страв. Умирам од страв, но не можам да влијаам на тоа исто како што не можам да влијаам на тоа дали срцето повторно ќе ми биде скршено или не. Не можам, затоа што не сум сама во тоа, а не сум сама ни на овој свет. Ќе зарасне и ногата, зошто не би зараснало и срцето?

Ќе возам ролери и велосипед сѐ додека ме држат нозете, ќе сакам сѐ додека срцево ми чука.

Ќе се плашам, но нема да избегнувам паѓања и рани, тоа би било исто како да го избегнувам животот, а тоа нема да го правам. Имам само еден живот, барем да го завршам со еден куп спомени.