четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Симптоми кои откриваат дека сте заљубени

Симптоми кои откриваат дека сте заљубени

Кога сме заљубени, во нашиот организам се случува цел спектар на различни хемиски реакции и промени. Од забрзано чукање на срцето, до влажни дланки и проирени зеници.

1. Забрзано чукање на срцето 

Кога сме соочени со заљубеноста, нашето тело е под узбуна, а адреналинот е во полна сила. Резултат на тоа е забрзана работа на срцето и „пеперутки“ во стомакот.

2. Влажни дланки 

Друг симптом што го предизвикува толкава јачина на адреналинот е потењето, особено на дланките. Оваа нус-појава е непожелна, а често може да биде и непријатна.

3. Промена на гласот 

Истражувањето покажа дека мажите кога зборуваат со некој во кого се заљубени, често зборуваат потивко и понежно, а жените често го креваат тонот.

4. Проширени зеници 

Адреналинот што е одговорен за влажните дланки и забрзаната работа на срцето, исто така предизвикува и ширење на зениците. Ова е сигнал за сексуална привлечност.

5. Возбудување 

Кога сте заљубени, се чувствувате восхитено,тоа не е само затоа што сте среќни, туку  во прашање е хемија. Мозокот произведува допамин, истото чувство што се појавува кога земате кокаин. Не се вели без причина дека љубовта е дргоа.

6. Пеперутки во стомакот 

Адреналинот е виновен за се што ни се случува во организмот кога сем заљубени. Адреналинот испраќа крв од желудникот до нашите мускули, и тоа предизвукува чувство на пеперутки. Оваа појава предизвикува и смалување на апетитот.