петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 133
home Љубов и секс

Што значи кога жената бара од својот партнер да биде романтичен: 10 работи на кои всушност мисли

Што значи кога жената бара од својот партнер да биде романтичен: 10 работи на кои всушност мисли

Жените сакаат да ги изненадите со романтичен гест, а понекогаш е доволно само една реченица.

Ако мислите дека романтиката е изумрена, грешите. Женитетајно се надеваат дека мажите не ги заборавиле најважните работи – внимание, убави гестови и романтика.

Честопати, малите гестови, кои доаѓаат од срце, се доволни за да ја направат жената среќна и да ја насмеат. На жените најмногу им се допаѓа кога ќе ги изненадите туку така, а не поради некој важен датум, бидејќи токму така покажувате дека секогаш мислите на неа.

Романтиката е она што ја прави љубовта помеѓу две личности посебна и она што ја прави разликата помеѓу вашата врска и другите. Кога жената бара од вас да бидете поромантични, таа не бара од вас да потрошите повеќе пари, да направите нешто спектакуларно или да се претворите во нешто што не сте.

За повеќето жени, да се биде романтичен значи да се обидува да се изрази нежност, но и овие 10 работи:

1) Бакнете ја во челото – тоа е одраз на обожавање и апсолутна посветеност

2) Кажете дека ќе останете на работа подолго, а потоа изненадете ја и дојдете порано

3) Пуштете ја вашата песна и поканете ја на танц

4) Донесете ѝ кафе и појадок во кревет

5) Оставете парчиња хартија со убави љубовни пораки насекаде во станот

6) Нарачајте преку достава нејзината омилена храна и десерт за да ја изненадите

7) Испланирајте викенд на планина

8) Купете ги нејзините омилени цвеќиња

9) Организирајте вечер само за двајцата, со шише омилено вино

10) Подгответе храна, пуштете филм што долго време сака да го гледа и стуткајте се еден до друг

Коронавирус