петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Љубов и секс

Што всушност сакаат жените од партнерот?

Што всушност сакаат жените од партнерот?

Ако знаете што вашата партнерка сака од вас, на половина пат сте од среќна и успешна врска. Не станува збор за пари, скапи автомобили и други клише работи.

Почитување

Таа сака со вашето однесување да ѝ покажете дека го почитувате нејзиното мислење, кариерата, хоби, пријателите, телото, мислите. Тоа не значи дека треба да се согласувате со сè, но почитувајте го нејзиниот став.

Интимност

Тука не се мисли само на крајниот чин, туку на допирот, прегратките, бакнежите.

Романтика

Нема ништо лошо во тоа што таа сака да останете дома и да гледате филм, но, бидете малку романтични: запалете неколку свеќи и гледајте каде ќе ве одведе ноќта. Одново заведувајте ја секој ден.

Внимание

Не мора да сте фокусирани на неа 24/7, но покажете ѝ дека сте заинтересирани за она што таа го сака, со кое хоби се занимава, како се вика нејзината најдобра пријателка. Покажете ѝ дека сте заинтересирани за неа.

Комуникација

Жените сакаат да разговараат. Затоа, кажете ѝ дека е прекрасна со сите нејзини несовршености и дајте ѝ до знаење дека го цените она што го прави за вашиот заеднички живот.