недела, 21. јули 2019. Вести денес: 44
home Љубов и секс

Што треба да кажеш наместо „Те сакам“?

Што треба да кажеш наместо „Те сакам“?

„Те сакам“ е една од најубавите фрази на секој јазик. Нема личност која не сака да ги слушне овие две зборчиња. Но, дали може да се каже поинаку? Може. Може да кажуваме нешто уште поубаво. Може да се каже следново:

„Ќе те штитам. Ќе те штитам од оние кои не ни посакуваат добро. Ќе бидам некој во кого ќе можеш да веруваш. Ќе бидам твое засолниште, твоја сигурна лулка. Секогаш ќе ти го чувам грбот. Секогаш можеш да се потпреш на мене. Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш и секогаш ќе се грижам да имаш сѐ што ти е потребно. И ќе те почитувам. Твоето мислење, твојата личност, твоите соништа и желби. Ќе те почитувам поради сѐ она што си.

Ќе ти ги простувам сите мали и големи работи, несмасно изговорени зборови по напорен ден. Ќе ти ги простам и оние ситуации во кои не сме биле свесни колку сме се повредиле еден со друг. Го жртвувам своето време за нешто што сакаш да го правиш. Секогаш ќе бидам среќен што сум со тебе.“

Во идеалниот свет, сите овие изјави би требале да дојдат во пакет со љубовта. Сме имале многу кои сме ги сакале, но токму поради недостатокот на почит, прошка и уважување, на крајот сепак не сме останале. Повеќето од нас остануваат со луѓето кои ни простуваат, кои нѐ поддржуваат, кои не креваат кога ќе паднеме, кои се многу повеќе од само обично „те сакам“.

Бидете внимателни кога ги изговарате овие зборови. Прво обидете се да сфатите што значат. Во спротивно ќе остане само убаво кажана фраза и ништо повеќе…