четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 118
home Љубов и секс

Што правите погрешно на првиот дејт?

Што правите погрешно на првиот дејт?

Излегување на љубовен состанок претставува комплицирана работа. За првиот состанок секогаш треба да мислите каде да одите, што да правите, што да кажете, како и што носите на вас.

На кратко, состанокот во модерниот свет е несоодветен како за мажите, така и за жените на различна годишна возраст, како и за оние кои пишуваат статии за сексот и за врските.

Затоа, послушајте ги советите на експертите Brett Williams и Rose Hayman, кои откриваат како правилно да постапите на првиот состанок, работи кои треба да ги приметите и слично.

Прв впечаток?

Најпрво треба да приметите како е некој облечен и како се носи, како се движи, неговиот став и секако насмевката.

Подготовки за излегување?

Секогаш треба да изгледате совршено, но во граница на нормалата. Носете нешто елегантно, како на пример вашата работна комбинација, но секако тоа зависи од локацијата. Секако, парфемот влегува во овој пакет. Најважната работа која треба да имате во глава е дека сте дојдени за забава, кое ќе ви даде поголема самодоверба. Доколку не можете да се опуштите, најдобро е да испиете една чаша вино пред да искочите.

Што треба да правите, а што не?

Многу е важно да сте комуникативен и да имате богат ентузијазам, но секако да не претерате со вашата приказна. Исто така, не треба да ви биде мобилниот телефон при рака. Како за крај, не ја спомнувајте вашата поранешна девојка.

Кој треба да плати?

Секогаш треба да плати домаќинот на првиот состанок. Тој кој го договара состанот, треба да излезе и прв да се понуди да плати. Секако, најдобра опција е да ја поделите сметката подеднакво. Но, доколку сакате да се истакнете, секогаш мажот треба да плати на првиот состанок.

Бакнежот?

Доколку ви се допаѓа личноста, најдобро е првиот бакнеж да биде на првиот состанок. Тоа претставува одличен тест за одлука дали да продолжите со таа личност во иднина.

 

Коронавирус