среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Љубов и секс

Што е тоа нељубов?

Што е тоа нељубов?

Нељубов е кога не можете да бидете заедно. Да разговарате, да се смеете или да се гушкате.

Не можете да зборувате за своите искуства: тоа е глупост, а не искуство.

Не можеш тоа да го бараш – сега е тешка ситуацијата, а зошто воопшто ти е потребно?

Нељубов – не можеш да сметаш на помош, возрасните треба самите да се носат со проблемите. Дури и ако имаат 5 години. Тоа е солидно време. А 35 години? Тоа е веќе старост. И ништо повеќе не е потребно.

Нељубов – кога не ја критикуваме личноста, ниту ја фалиме. Едноставно не обрнуваме внимание.

Кога ти е незгодно да седнаш со саканата личност бидејќи може да ти каже дека многу јадеш. И нема да го забележи вложениот труд за да донесеш среќа во домот.

Нељубов – кога не може ништо да се направи

Кога нервираш, се мешаш, пречиш, зборуваш глупости, исклучи го мозокот, тивко седни во агол и чекај да те однесат на шетање. И не се зафркавај, не се буни, тивко седни си и чекај…

Кога не станува да признае вина – тоа е нељубов.

Кога не подаруваат – нељубов

Кога им е жал да потрошат денар за да ве израдуваат – нељубов.

Ова не е омраза. Понекогаш е и полошо од тоа, затоа што луѓето ве мразат поради нешто, од завист, поради љубомора и слично. И можете да ги оставите или да направите промена. Но, да не ве сакаат – тоа е затоа што тоа е едноставно така.

И ако велат: „Да, те сакам, ама ти оди по својот пат, а јас по мојот“ и тоа е нељубов.

И од тоа се умира. Особено постарите, децата и кучињата. И возрасните кои се беспомошни и чувствителни.

Нељубовта го прави човекот посрамежлив, понепријатен, постегнат и погрд. Човек се плаши да расипе сѐ, да спречи, да вознемирува… Тука не можеш ништо да направиш. Ако имаш сила, мораш да си заминеш. Или барем јасно да сфатиш – ова не е љубов. Не е љубов. Нељубов е.