сабота, 16. февруари 2019. Вести денес: 2
home Љубов и секс

Шест теми кои треба да ги избегнувате по сексот

Шест теми кои треба да ги избегнувате по сексот

Ако непосредно по сексот сакате да разговарате со партнерот, мора да ве предупредиме дека сте на чувствителен терен. Според секс терапевтката Елиза Бокин истакнува дека луѓето пред, за време и по сексот се во најранлива состојба и дека одредени теми неповолни влијаат на емоциите, расположението и искреноста на одговорот.

Кои теми треба да ги избегнувате по сексот?

1. Не ги спомнувајте бившите

Споредбата или потсетувањето на бившите е секогаш лоша идеја, особено по сексот. Оваа тема обидувајте се да ја избегнете во секое време.

2. Не разговарајте за нерешни проблеми

Сите по сексот сакаат да останат што подолго во зен фазата, затоа не го расипувајте совршениот момент со муабети за свекрвата или за неплатени казни за паркирање.

3. Не го коментирајте телото на партнерот

Ако по сексот му се обратите на партнерот со зборовите дека треба повторно да вежба или да држи диета, веројатно толку многу ќе го засрамите што ќе почне да одбива да има интимни односи со вас. Ако навистина ви значи, по сексот разговарајте за нешто што му се допаѓа.

4. Не прашувајте каде научил одредена вештина

Освен што не треба да ги спомнувате вашите поранешни партнери, не треба да го прашувате ни за неговите. Можеби нема да ви се допадне тоа што ќе го слушнете.

5. Заборавете на сериозни прашања за иднината на вашата врска

Оваа тема не е за во кревет, без облека, особено ако станува збор за почеток на врската. Ако навистина сакате да ги дознаете неговите намери прашајте на суптилен начин, во текот на вечера или прошетка.

6. Не го критикувајте за тоа каков е во кревет

Дури и ако не сте најзадоволната личност во светот, немојте да почнете веднаш со критики по сексот, тоа време искористете го за нежности, за сè останато може да се разговара подоцна.