четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 155
home Љубов и секс

Шест причини зошто сексот е добар за секоја врска

Шест причини зошто сексот е добар за секоја врска

Сексот е тема за којашто се пишува и се разговара често. Понекогаш се чини дека ја движи врската, но факт е дека мажите и жените имаат поинаков став за сексот.

Сексуалниот живот е многу важен кога е во прашање љубовната врска.

Сексолозите сметаат дека сексот е подеднакво важен како и комуникацијата и довербата. Тој е извор на задоволство и е одличен начин за да се ослободите од стресот. Освен тоа, ви помага да остварите подобра поврзаност со партнерот.

Страст

Сексот е еден од најдобрите начини за да ја одржите страста во долгата врска, а тоа го потврдија и истражувањата. Имаме најдобар однос со личноста која ни е пријател и љубовник во исто време. Доколку во врската нема секс, тоа ќе биде исто како да сте во врска со некој пријател.

Поради таа причина, во секоја љубовна врска се потребни страста, возбудата и сексот. Редовните сексуални односи ја прават врската забавна и квалитетна.

Ослободува од стресот

Бројни истражувања покажаа дека сексот ни помага да се ослободиме од стресот, а може да ја ублажи и болката. Имено, со сексуалните односи се ослободува ендорфин и други хормони кои нè прават среќни.

Поврзаност помеѓу партнерите

Сексуалниот однос со партнерот влијае позитивно на интимноста и ја продлабочува поврзаноста, а тоа може да ја зголеми и самодовербата со оглед на тоа дека некој ве посакува.

Сексот е начин на комуникација во врската и дава до знаење дека сè е во ред, без оглед на стресот и сите грижи кои ги носи животот.

Влијае позитивно на сонот

Со оглед на тоа дека ослободува од стресот, сексот влијае позитивно и на сонот. По сексот, се ослободува окситоцин, хормон кој ви помага да заспиете полесно.

Ве прави среќни

Истражувањата покажаа дека луѓето коишто редовно имаат секс се многу посреќни од оние коишто немаат редовен секс. Сексот ја крева и самодовербата, па имате подобро мислење за себе.

Го усреќува вашиот партнер

Кога мажите се под стрес и притисок, сексот е начин со кој им помагате да се опуштат, а тоа сигурно сте го забележале и самите кај вашиот партнер. Сексот помага да заборавите на сите грижи и проблеми и да се чувствувате посакувано.

извор: kajgana.com

Коронавирус