среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 157
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Љубов и секс

Секс после породување: Што мислат жените, а што мажите?

Секс после породување: Што мислат жените, а што мажите?
Young parents with cute sleeping baby on bed at home

Сексот е интимна конекција меѓу вас и вашиот партнер и што, како и кога се случува зависи само од вас двајцата.

Секоја жена има свои искуства, а оние кои родиле повеќе од едно дете ќе ви кажат дека како што секоја бременост е различна, така се разликуваат и емоциите и начинот на кој се перцепирате по бременоста.

Некои жени сакаат и можат да имаат секс непосредно по породувањето, други имаат желба, но не и можност, трети можат ама не им е дојдено до секс… Како што рековме, приказни и искуства има колку што има родилки.

Хормоналните промени што се случуваат во вашето тело по породувањето исто така влијаат врз желбата за секс – најчесто ја потиснуваат.

Вагиналното крварење може да трае и до шест недели по породувањето, па повеќето родилки не се чувствуваат особено секси во тој период, а и потоа. Дури и ако сте поминале со најлесно породување, не дошло до расцепување и немало потреба од шиење, на вагината (и областа околу) ѝ треба време да заздрави.

Некои жени кои имале тешко или трауматично породување, премногу долго се породувале или им било направено шиење, можно е да им е страв да имаат секс.

Генералната препорака е да разговарате со вашиот доктор кој ќе утврди дали е сѐ физички во ред и подготвено. Потоа следи моментот на психичка подготвеност да бидете интимни со партнерот. Искрено разговарајте со партнерот за вашите чувства, без разлика дали се плашите, немате сексуален нагон или едноставно не сте подготвени.

Партнерите се очекува да покажат поголемо разбирање во овој период и да не го доживуваат немањето секс како „казна“ или да го толкуваат како знак дека веќе не им се привлечни на партнерките.

Кај некои жени може да се јави вагинална сувост додека дојат, поради падот на нивото на естроген. Ако тоа ве спречува да имате секс, слободно користете лубрикант. Ако користите кондом, лубрикантот мора да биде на база на вода.

Што велат мажите, а што жените?

Гинекологот најверојатно ќе ви препорача да почекате четири до шест недели по породувањето пред да имате секс. Некои мажи споделија дека периодот на чекање траел четири до шест години.

Вистинскиот одговор на прашањето „кога“ е: Тогаш кога (двајцата) ќе бидете подготвени.

Ова се некои од одговорите на жените на тема „секс по породување“ кон мажите, кои ги споделиле со нивните лекари или терапевти:

-Никогаш повеќе!

-Премногу сум уморна.

-Остави ми го телото на раат. Некој секој ден цица од него и до неодамна живееше во мене. Сакам малку да бидам сама со сопственото тело.

-Можеби ќе имам секс пак ако сакам уште едно дете.

-Не гледам поента да имам пак секс сега откако родив дете.

Може да дојде до недоразбирања ако со вашиот партнер не зборувате отворено за тоа, односно ако се задржите само на кратки одговори.

Терапевтите ги издвојуваат овие коментари и на мажите и на жените и што мислел партнерот, односно партнерката.

*Ме сака само за секс, па кога ме бакнува и гушка се тргам бидејќи не ми е дојдено до секс.

(Се радувам и само кога се гушкаме и се бакнуваме)

*Веќе не ѝ сум привлечен и не ме сака. Само сакаше да роди бебе.

(Се разбира дека уште го сакам и ми е привлечен. Само сум премногу уморна и не се чувствувам секси)

*Сакам да биде како порано.

(Нештата се менуваат. Тоа не мора да значи дека е на полошо. Само е поразлично)

извор: kajgana.com