среда, 22. август 2018. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Секс кој може да биде многу опасен за мажите

Секс кој може да биде многу опасен за мажите

Сексот е здрав, прави да се чувствуваме подобро, дури и да изгледаме подобро. Меѓутоа, новото истражување покажува дека не е сосема така…

Редовните сексуални односи на постара возраст можат да ги заштитат жените од одредени здравствени проблеми, но кај мажите би можеле да имаат спротивен ефект, објавија научниците.

Постарите мажи кои имаат секс повеќе од еднаш неделно, имаат поголем ризик од кардиоваскуларни болести.

„Резултатите за жените се совпаѓаат со нашите очекувања, но за мажите се неочекувани“, вели Хуи Лиу, професорка по социологија на државниот Универзитет во Мичиген.

Научниците на чело со Лиу ги анализирале податоците од националното истражување во кое учествувале 2.204 испитаници на возраст од 47 до 85 години. Резултатите се објавени во магазинот “Journal of Health and Social Behavior”.

Жените кои одговориле дека сексуалниот живот ги задоволува и дека им е пријатен, имале помал ризик за развој на хипертензија. Исто така, хормоните кои ги излачуваат жените за време на сексот придонесуваат за нивното здравје.

„Изненадувачки, постарите мажи кои имаат сексуални односи повеќе од еднаш неделно, имаат двојно поголем ризик за срцеви проблеми од оние кои се сексуално неактивни. Тоа се однесува дури и на оние мажи кои се навистина задоволни од својот сексуален живот“, вели Хуи Лиу.

„Таквите резултати ја доведуваат до прашање раширената претпоставка дека сексот е корисен за здравјето“, нагласува таа. Постарите мажи имаат проблем со доживување на оргазам поради емотивни или медицински причини и можеби затоа повеќе се исцрпуваат за време на сексот, што создава релативно поголем стрес кај нивниот кардиоваскуларен систем“, смета Лиу.

„Друга можност е негативното влијание на лековите и надоместокот за унапредување на сексуалната функција“, вели таа.

Во секоj случај, потребни се дополнителни истражувања кои ќе појаснат зошто сексот за постарите мажи би можел да биде кобен.