понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Љубов и секс

Секој пар минува низ пет фази во љубовта, третата е најтешка

Секој пар минува низ пет фази во љубовта, третата е најтешка

Познатиот психолог Џед Дејмонд по 40 години клинички истражувања дојде до заклучок дека повеќето луѓе всушност не ја наоѓаат вистинската личност за себе. Тоа е така затоа што едноставно не можат да ги издржат петте неизбежни фази на односот, запирајќи на третата, најтешката фаза.

Еве за кои фази станува збор:

1. Заљубеност

Тоа е фаза предизвикана од хормоните за среќа, период на проекции на сите ваши желби и соништа за вашиот партнер. Во овој случај, тој едноставно е совршен човек, без ниту една грешка. Мислите дека ќе ја исполни секоја ваша желба, му верувате на секој кажан збор и сонувате за вечна љубов.

2. Формален почеток на односот

Во оваа фаза љубовта станува посилна, а состаноците се заменети со формален заеднички живот. Се запознавате еден со друг, почнувате да влијаете на сите животни аспекти на партнерот. Тоа е време на заедништво и радост. Во оваа фаза веројатно ги очекувате долгоочекуваните деца, што само ја зацврстува вашата врска. Се чувствувате безбедно и посакувано и верувате дека сигурно сте го пронашле вашиот човек од соништата.

3. Разочарување

Овде се рушат сите ваши соништа, фаза кога се појавува чувството дека емоциите полека и бесповратно се гасат. Партнерот станува невозможно предвидлив, а неговото однесување почнува да ве иритира. Се појавува желба за пауза во односот, па дури и мислата дека тој воопшто не е човекот за вас.

4. Минување на кризата и преминување на повисок степен на љубовта

Третата фаза го носи следното, се бришат сите илузии кои сте ги проектирале за саканиот човек. Пред вас стои не оној за кој сте фантазирале и сте го посакувале покрај себе, туку реален човек. Го прифаќате таков каков што е, ги прифаќате сите негови недостатоци, преминувате во фазата на така наречена возвишена љубов.

5. Сфаќање и здружување со заеднички сили

Со разбирањето на ова што сте го научиле сте ги надминале разликите и сте пронашле длабока врска во односот меѓу вас. Сфаќате дека имате сила заедно да промените нешто во светот. Не само да живеете заедно, туку да живеете заедно поради заедничка цел.

Заедно да работите, да создавате, без разлика што е. И кога ќе почнете да размислувате како целина, ги надминувате сите фази, па со сигурност може да кажете дека тој е човекот на вашиот живот.

Локални избори 2021