понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 117
home Љубов и секс

Седум реченици кои мажите ги кажуваат кога повеќе не ја сакаат нивната партнерка

Седум реченици кои мажите ги кажуваат кога повеќе не ја сакаат нивната партнерка

Иако понекогаш ситуацијата во која се наоѓаме, на која претходела расправија, нè доведува да кажеме одредени зборови кои всушност не ги мислиме, сепак доколку не е таков случајот, а сепак се сомневате во чувствата на вашиот партнер, најдобро е да обратите внимание на ова.

Еве кои 7 реченици најчесто ги изговараат мажите кога повеќе не ја сакаат својата партнерка:

„Навистина те сакам“
Можеби е смешно и контрадикторно, но има разлика помеѓу „Те сакам“ и „Те сакам навистина“. Тоа „навистина“ звучи повеќе како изговор, оправдување или лош обид со кој мажот се обидува да го сокрие чувството на вина и немањето веќе чувства.

„Прави што сакаш“
Ако ова го слушнете од вашиот партнер, тоа може да значи дека тој се дистанцирал од вас. Не му е гајле што правите и не размислува како да најде решение за проблемот.

„Си замислуваш“
Прво запрашајте се дали само замислувате или навистина сте во право. Честопати мажите, за да ги сокријат своите грешки и да не се правдаат, ќе речат дека ви се причинува и дека замислувате нешто.

„Ако не ти се допаѓа, најди си некој друг“
Ова покажува дека не му е грижа дали сакате да бидете со него. Ова исто така може да биде форма на уцена затоа што ќе започнете да се плашите дека тој ќе да ве напушти и ќе започнете да ги правите работите како нему му одговара. Не дозволувајте да ве манипулира.

„Не ти верувам“
Ако вашиот партнер се сомнева и не ви верува, тоа покажува колку е несигурен. Дали треба да бидете со некој што се сомнева во сè што правите?

„Немам зошто да ти се оправдувам“
Ова покажува дека тој не ја сфаќа својата вина и дека нема нормален аргумент за употреба. Тој ќе ја сврти вината кон вас и ќе се претстави себеси како некој што не направил ништо лошо.

„Тоа е твој проблем, не мој“
Вашата сакана личност треба да биде со вас и да помогне во решавањето на вашите проблеми. Ако тој не сака да ви помогне, тогаш тоа значи дека не се грижи за вашите проблеми, па дури ни за вас.

Извор: НАНЕ

Коронавирус