четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Сè што треба да знаете за отворените врски

Сè што треба да знаете за отворените врски

Иако неверствата се релативно честа појава во врските и браковите, партнерите одлучуваат да останат заедно, а некои одлучуваат да се гледаат и со други луѓе истовремено.

Иако ова за некои луѓе е сосема нормална појава, во општеството отворените врски се табу тема.

Многумина мислат дека моногамијата е наметната како единствена нормална врска, па затоа сметаат дека браковите не фукционираат добро и бројот на разводи се зголемува. Без оглед дали поддржувате вакви врски или не, еве што треба да знаете за нив.

Отворениот однос и полиаморија не се исти поими

Луѓето во полиаморна заедница свесно се впуштаат во две или повеќе романтични врски истовремено, а ниту една од нив не е поважна од нивниот партнер. Природата на отворениот однос може да варира во зависност од тоа за што се сложуваат луѓето кои се вклучени во него.

Размислете зошто сакате отворена врска

Доколку сакате да имате отворена врска затоа што сакате забава и нова авантура, не заборавајте да помислите на тоа како ќе реагира вашиот партнер. Затоа, треба да размислите за стабилноста на вашата врска пред да вклучите трета личност во вашиот однос. Полиаморијата не може да го спаси бракот кој веќе е на стаклени нозе.

Истражувајте без притисок над партнерот

Доколку сакате да имате успешна отворена врска претходно треба да се подготвите за неа.

Не обидувајте се да го убедувате партнерот доколку тој не сака. Освен тоа, доколку сакате отворена врска треба да ги знаете неговите потреби и размислувања.

Разговарајте за љубомората

Повеќето луѓе кои се во романтични врски искусиле некој вид љубомора. Размислете дали и вие би биле љубоморни на фактот дека вашиот партнер спие со некој друг. Ако да, тогаш не влегувајте во ваква врска.

Освен тоа, личноста која сака да биде со некој друг, на било кој начин може да го напушти својот партнер без разлика дали врската е моногамна или отворена.