понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Љубов и секс

Само вистинскиот маж ќе биде доволно трпелив за да ја врати твојата верба во љубовта

Само вистинскиот маж ќе биде доволно трпелив за да ја врати твојата верба во љубовта

Ти си девојката чие срце било безброј пати скршено, па веќе не ни броиш. Ти си била повредена, понижена, разочарана и предадена. Ти си била емоционално малтретирана, манипулирана, лажена и изневерувана. И сета оваа болка која ја имаш искусено има оставено рани на твоето срце и те променила до коска. Вистината е дека сега си подобро. Успеа да го излекуваш твоето скршено срце, барем делумно, но сите овие работи направија неверојатна штета на твоето рането срце. Пред да ти се случат овие работи, ти беше девојката која беше отворена и љубеше со цело срце. Ти беше девојка која веруваше во магијата и силата на љубовта и девојка која знаеше како да сака.

А тогаш, грдата вистина се покажа пред твоите очи и сфати дека не се сите како тебе. Сфати дека постојат отровни луѓе кои ќе ја искористат секоја можност за да те искористат тебе и твојата чувствителна душа. Луѓе кои ќе се обидат да те уништат и воопшто нема да им пречи тоа што проаѓаш низ пекол. После многу емоционални порази, почна да се обвинуваш себеси за работите низ кои помина. Мислеше дека си будала која морала да внимава. Знаеше дека твоето срце не може да поднесе повторно да биде повредено и дека мораш да направиш нешто во врска со тоа. И на крај дојде до заклучокот дека единствениот начин да се заштитиш себеси е да изградиш огромни и дебели ѕидови околу твоето срце.

Мислеше дека единствен начин да го заштитиш твоето срце е да не дадеш никому шанса. Ја сокри ранливата девојка која порано беше и ја замени со жена која е внимателна и ладна. Јас не сум тука за да ти кажам дека ова е погрешен пристап, затоа што знам дека тоа беше единствениот начин да се заштитиш себеи, ниту пак да ти кажам дека треба да се вратиш на она што беше. Затоа што знам дека тоа е невозможно. Знам дека не можеш да ја заборавиш болката која ти ја нанесоа другите луѓе. Знам дека сето ова го направи од страв.Знам дека сите овие ѕидови се ништо повеќе од еден обичен одбранбен механизам и дека не можеш со сила да ги срушиш тие ѕидови.

Но, јас сум тука за да ти ветам дека вистинскиот маж ќе се појави за да ги избрка сите овие стравови и да ја врати твојата верба во љубовта. И тој ќе биде доволно трпелив за да ги сруши тие ѕидови и да погледне во твоето срце. Тој ќе биде доволно долго околу тебе за да ја заслужи твојата доверба и да покаже дека ја заслужува твојата љубов. Тој ќе ти покаже дека не се сите мажи исти и дека ти не си тешка за сакање. Кога овој маж ќе се појави, тој целосно ќе те излечи. Тој ќе ги собере сите скршени делчиња и повторно ќе ги залепи. Тој ќе ги види твоите несовршености и ќе ги прифати како дел од тебе. А најдобриот дел е тоа што никогаш нема да те форсира. Секогаш ќе ги почитува твоите граници и ќе ја сфаќа болката низ која имаш поминато.

Овој маж никогаш нема да се откаже од тебе, дури и кога ќе се обидеш да го избркаш. Тој ќе ти даде доволно време и простор за да видиш дека нема да си замине и дека влегол во твојот живот за да остане таму. Кога овој маж ќе влезе во твојот живот, тој веднаш ќе ѕирне зад маската на страшна и ладна жена, маската која ја ставаш секој ден. Тој ќе ти помогне да откриеш делови од себе за кои си заборавила дека постојат. Тој ќе го открие она исплашено мало девојче кое се крие длабоко во тебе. И кога ќе го направи тоа, тој ќе ја цени и штити и таа страна од тебе и тоа на најдобриот можен начин.

Кога овој маж ќе влезе во твојот живот, тој ќе ти ја покаже сета убавина на љубовта. Ќе вложи труд за да те натера да сфатиш дека судено ти е да бидеш сакана и да ја добиеш љубовта од бајките за која секогаш сонуваше. И кога ќе дојде, ќе сфатиш колку е посебен. Ќе сфатиш дека тој е единствениот човек кој некогаш воопшто заслужувал шанса, затоа што тој е еднствениот кој имал сила за да ги сруши твоите ѕидови за да стигне до твоето срце. И ќе сфатиш дека тој е единствениот кој заслужува да ја добие твојата љубов.