среда, 23. јануари 2019. Вести денес: 128
home Љубов и секс

Причини поради кои жените плачат во текот на сексот

Причини поради кои жените плачат во текот на сексот

Во моментот кога доживуваат екстаза некои жени знаат да заплачат. Станува збор за природна работа, без разлика колку изгледа чудно.

Според секс терапевтката Рејчел Рајт, плачењето обично се смета за знак на тага, но во реалноста е знак дека телото порачува дека се насобрани премногу емоции, без разлика дали станува збор за среќа, страв, возбуда или болка. Таа вели дека плачењето е „емотивно потење“, но многумина сметаат дека тоа потење доаѓа во незгоден момент.

Еве кои причини ги наведува за плачењето во текот на секс или по сексуалниот чин:

1. Се срамите или чувствувате вина

Некои жени пред терапевтите изјавиле дека плачат бидејќи не заслужуваат да уживаат.

„Сметаат дека ако се мајки треба да се фокусираат на децата, а не на сопственото задоволство. Тоа е погрешно. Првин мора да се погрижите за себе, а потоа ќе можете да се грижите за другите. Доколку се срамите во врска со сексуалните односи тогаш треба да истражите за што станува збор надвор од спалната соба“, вели терапевтката.

2. Многу сте среќни

Можеби подолго време сте немале секс или сексот ви бил многу забавен. Овие солзи се солзи од среќа, возбуда и благодарност.

3. Ве боли, но на добар начин

„Физичката болка и задоволството ги активира ист дел од мозокот, па можно е да плачете од болка и да уживате во исто време“, вели Рајт.

4. Тагувате

Доколку неодамна починал близок член на семејството или блиска личност не треба да ве чуди ако заплачете во текот на секс. Тагата може да ве „удри“ во било кој момент.

5. Многу сте опуштени

Сексуалниот однос е добар бидејќи го тера организмот да се опушти. Од иста причина може да заплачете на јога или во текот на масажа.

6. Се чувствувате поврзано со партнерот

Некогаш не постојат зборови да опишете колку сте поврзани со партнерот, па затоа некои заплачуваат. Ова е еден од начините телото да искаже емоција, во текот на сексот се ослободува хормон окситоцин кој поттикнува поврзување, емпатија и доверба.