недела, 21. јули 2019. Вести денес: 44
home Љубов и секс

Прекрасни мисли за љубовта кои ќе ве поттикнат повторно да се заљубите

Прекрасни мисли за љубовта кои ќе ве поттикнат повторно да се заљубите

Понекогаш запаѓаме во апатија, понекогаш срцето ни е скршено на милион парчиња и почнуваме да се сомневаме дека навистина постои љубов.

Но, следниве прекрасни мисли ќе стават насмевка на вашето лице и ќе направат да посакате повторно да се заљубите или ако веќе сте заљубени да ги прегрнете вашите сакани.

„Тој ги сруши нејзините ѕидови без таа воопшто да забележи. А кога тој повторно ги изгради тие ѕидови, додаде и прозорци за да овозможи во неа да влезе и малку светлина.“

„Сѐ се промени, а сепак никогаш не сум бил толку свој.“ – Ијан Томас

„Борете се за бајката, таа постои.“ – Џој Ф.

„Кога сум со тебе, се чувствувам сигурно и заштитено од оние работи кои ме повредиле.“

„Можеби нема да успее. Но, ако успее, тоа ќе биде најдобрата авантура!

„Тој беше моето божиќно утро, величествен огномет и роденденска желба.“ – Ракел Франко

„Ти засекогаш ќе бидеш мојата вечност.“

„Ти ги ставаш рацете околу мене и одеднаш се чувствувам како да сум дома.“

„Немаш поим колку е добро чувството секое утро да се будам со помислата дека си мој, а јас сум твоја.“

„Никогаш нема да го заборавам моментот кога сфатив дека те сакам.“

„Се колнам дека кога ќе ни се допрат усните, можам да ги вкусам следните 60 години од мојот живот.“

„Ти си мојата сина боја, онаа која ја немам доволна, онаа која ја користам за да го обојам небото.“ – А.Р. Ашер.

„Во средината на мојот хаос, постоеше ТИ.“

„Би сакала да можам да го вратам времето назад за побрзо да те пронајдам и подолго да те љубам.“

„Кога сум со тебе, часовите минуваат како секунди. Кога сме раздвоени, деновите траат како години.“

„Ти си мојот најдраг пријател, мојата најдлабока љубов. Ти си најдобриот дел од мене.“

„Средбата со тебе беше како прво слушање на некоја песна, кога ќе сфатиш дека  тоа ќе биде твојата омилена песна.“

„Како е неверојатно да пронајдеш некој кој сака да слушне за сите работи кои ти се вртат во глава.“

„Никогаш не сакам да престанам да создавам спомени со тебе.“ – Пјер Жанти