среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 137
home Љубов и секс

Правење пауза во врска: Добра или лоша идеја?

Правење пауза во врска: Добра или лоша идеја?

Секоја врска минува низ различни фази, но правењето пауза од врската може да биде штетно за односот ако чувствата избледнеат. Тоа често се случува кога паровите се разделени, затоа треба внимателно да се испланира секој преземен чекор.

Се случува работите во една врска да станат толку токсични и нездрави, па двајцата партнери да се чувствуваат преоптоварено. Промените се неизбежни, а секоја промена со себе носи можности за личен раст, како и предизвици со кои треба да се соочи.

За да напредува една врска, ова важи и за најуспешните, потребно е постојано адаптирање. Кога паровите ќе се најдат во застој, често размислуваат да се одморат малку еден од друг, па и од врската. Одморањето од врска е и добра идеја, единствено ако партнерите постапуваат внимателно.

Пред да размислите за пауза, прашајте се себеси што се обидувате да постигнете со паузата. Ако не можете да дадете јасен одговор, немојте да направите пауза, а ако може да одговорите размислете дали паузата би била корисна или не.

Ако се одлучите за пауза, овие совети можат да ви бидат корисни:

  1. Двајцата сте сложни за пауза и мислите дека е тоа добра идеја, бидејќи ако едниот партнер сака пауза, а другиот не, тоа е често знак дека таа личност повеќе не сака да биде во врска.
  2. Одлучете се за јасно прецизирана временска рамка, кога ќе започне паузата и кога ќе заврши. Најлошо е да започнете пауза за да видите како функционира тоа, без одреден временски интервал.
  3. Договорете ги правилата на меѓусебна комуникација, мора да бидат јасни од почеток, дали сакате да комуницирате еден со друг, колку често и на кој начин.
  4. Ако имате деца размислете како ќе влијае разделбата на нив. Сепак, нивната емоционална безбедност е ваша одговорност и треба да ви биде приоритет.
  5. Разговарајте што ќе правите во текот на паузата, разјаснете ја целта на сето тоа и разговарајте што ќе правите во текот на одморот.

Ако во текот на паузата работите на врската, тоа скоро секогаш резултира со позитивен исход.

извор: kajgana.com